Пожар во угостителски објект во центарот на Охрид

by Fokus

Пожар попладнево избувна во угостителски објект во центарот на Охрид, на самиот градски плоштад.

Пламенот избувна во оџакот на објектот, што благодарение на брзата интервенција на вработените од околните објекти беше локализиран, односно беше спречено ширење на пламенот.

На лице место пристигна и екипа на Територијалната противпожарна единица, така што веќе пламенот е изгаснат и избегната е поголема материјална штета.

Нема повредени во пожарот.

Поврзани новости