515
Пред околу еден час на улицата „Венјамин Мачуковски“, спроти ОУ „Блаже Конески“ во населбата Мичурин, во стан на петти спрат избувна пожар кој по брзата реакција на пожарникарите беше изгаснат. Освен вознемирени станари, повредени нема, а причинета е материјална штета.
Командантот на Противпожарната единица во Скопје Владимир Симоновски за МИА информираше дека причината за пожарот е електрична инсталација, односно дека е опожарена сушара за алишта.
Интервенирано е со три пожарникарски возила и 11 пожарникари. МИА