Стари отпаднати автобуси на превозникот „Ласта“ денес се запалија во Смедеревска Паланка во Србија. Автобусите се наоѓаат на плацот над гаражата „Ласта“,, јавија српските медиуми.
Според информациите од полицијата и противпожарната бригада нема опасност од ширење на пожарот, а засега нема информации дали има повредени.
Не е познато како настанал пожарот, но црн чад се издига над градот, пишуваат српските медиуми.
Неофицијално пожарот избувнал околу 13 часот и 30 минути во отпадот и дека потоа се проширил на старите гуми и отпаднати автобуси лоцирани во гаражата на Ласта.
Пожарникарите од Смедеревска Паланка интервенирале со две возила, а на помош дошло и трето возило од Велика Плана, бидејќи за гаснење биле потребни големи количества вода.
Пожарот сега е локализиран и нема опасност од ширење, а истрагата ќе ја утврдува причината.