300
Во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“, што се наоѓа на врвот на Водно, утринава избил пожар, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК велат дека екипи на скопската Бригада за противпожарна заштита веќе се упатени на терен.
На пожарот интервенирале седум скопски пожарникари со две возила кои, како што вели командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески, успеале да го изгаснат.
На пожарникарите им помогнале и вработени во ЈП „Паркови и зеленило“.
Томески вели дека откако пожарот е изгаснат се работи на расчистување на опожарената просторија.