Пожар во Општина Кисела Вода, го изгаснале вработените

by Fokus

Денес, околу 11 часот, изби мал пожар поради дефект во застарената електрична инсталација. Во моментов во бараката 3, во која е сместен Секторот за урбанизам, е прекинато електричното напојување

-Во бараката 3 во објектот на Општина Кисела Вода денес, околу 11 часот, изби мал пожар поради дефект во застарената електрична инсталација. Пожарот веднаш беше локализиран од страна на самите вработени и за среќа, освен причинетата незначителна материјална, нема никаква друга штета, ниту пак повредени лица. На лице место пристигна екипа од Противпожарната бригада и од Полициската станица во Кисела Вода, но немаше потреба од дополнителна интервенција, информираат од општината.

Оттаму додаваат дека во моментов во бараката 3, во која е сместен Секторот за урбанизам, е прекинато електричното напојување, но се работи на надминување на проблемот и се надеваме дека за кратко време ќе продолжи вообичаената динамика на работниот процес.

 

Поврзани новости