398
Синоќа бил пријавен пожар во некогашна млекарница во кумановското село Романовце, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Вчера во 19.05 часот било пријавено дека во село Романовце, кумановско, настанал пожар во објект од поранешна млекарница. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот“, додаваат од МВР.