456
Три лица се итно пренесени во болница откако ноќеска избувнал пожар во куќа во Скопје.
Во 03.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Фан Ноли“ во Скопје настанал пожар во куќа сопственост на Е.А.(43) од Скопје.
Притоа, Е.А.(43), Ф.А.(44) и Е.А.(26) вдишиле чад и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила од екипа од СВР Скопје.