Пожар во куќа во Нерези, едно лице пренесено во болница поради вдишување чад

by Fokus

На 09.02.2025 во 21.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Нерези, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на И.М.(72) од Скопје.

Екипа од Бригадата за протвпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот, додека, неговиот син Н.М.(42) од Скопје, поради вдишување на чад, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување помош.

Поврзани новости