Пожар во Клиничкиот центар во Белград

by Fokus

Пожарот кој утрово изби во објект во изградба во склоп на Универзитетскиот клинички центар Србија во Белград, бил локализиран и засега не се регистрирани повредени лица.

Како што од агенцијата Бета било кажано во Министерството а внатреши работи, утрово во 08:14 часот бил пријавен чад од просторијата со кабли на површина од десетина квадрати, во објект кој е во изградба во склоп на Клиничкиот центар.

Во гаснењето на пожарот учествувале 26 пожарникари со 5 пожарникарни возила.

 

 
 

Поврзани новости