525
Пожар избувнал денеска околу десет часот во атарот на кавадаречкото село Бегниште.
Раководителот за заштита на шуми при подружницата на „Македонски шуми“ од Кавадарци, Петко Ристовски, информира дека шумски работници и мештани неколку часа се на терен и интервенираат, се со цел огнот да не ги оштети околните лозови насади.
„Пламените јазици зафатија површина со смрека и сува трева. Правиме напори огнот целосно да биде изгаснат. Дополнително ќе се знае колкава површина е зафатена од пожарот и висината на материјалната штета“, нагласува Ристовски.
Апелира на внимателност до кавадарчани, се со цел превентивно да се влијае против пожари во време на пеколни горештини.