371
Центарот за управување со кризи информира дека денеска во 15:00 часот е пријавен пожар на запалена сува трева и трска спроти бензинска пумпа Пелагонија Петрол (поранешна Тулана) на влезот во Битола од страна на Прилеп.
– Пожарот е под контрола и нема можност од негово ширење, наведуваат од ЦУК.
Во гаснењето на пожарот интервенираат двајца пожарникари со едно противпожарно возило.
Од страна на командирот на ТППЕ Битола побарано е исклучување на електрична енергија на наведената локација за да можат пожарникарите непречено да интервенираат.