Попладнево изби пожар на отворено во атарот на село Будинарци, Беровско, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Според него, за да се спречи ширење на пожарот во борова шума, како воздушна поддршка е испратен еден полициски хеликоптер „Ми 171“.
-На земја гаснат беровските пожарникари со поддршка на екипа од ЈП „Национални шуми“, наведува Ангелов.
Според последните информации, моментално има седум активни пожари, вклучувајќи го тој и во Беровско.
– Општина Старо Нагоричане, с. Ругинце. – Општина Сарај, с. Арнакија дејствуваа 2 хеликоптера. – Општина Долнени, село Долгаец и Маргари, шумски пожар. – Општина Кочани, Осоговски планини, атар на с. Главовица. – Ловиште Јасен над с. Тажево кај т.н. разделник. – Општина Македонски Брод, село Русјаци и Латово. Пожарот од Криволак кон реката Брегалница кај с. Црешка е ставен под контрола, останаа уште две жешки точки, соопшти ЦУК.