Пожар уништи имот во крушевско, причинета материјална штета од околу 15.000 евра

by fokus

Голема материјана штета направи пожарот кој во текот на вчерашниот ден избувнал во плевна во с. Норово, крушевско. Биле опожарени повеќе бали со сено и слама, трактор и два автомобили.

„На 30.08.2018 година околу 17,00 часот било пријавено дека во с.Нерово-крушевско, избувнал пожар во плевна сопственост на С.Ј.(63), и изгорело околу 600 бали со тутун, седум кутии со тутун, 25 вреќи со жито, 200 бали со сено и слама, трактор „ИМТ 542“ (делумно изгорен), патничко моторно возило „Голф 2“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“, а на куќата биле испукани стакла од два прозора, при што била причинета материјална штета од околу 15.000 евра. Во 19,00 часот пожарот бил целосно изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица-Крушево и Територијалната противпожарна единица-Кривогаштани. Со изгореници на рацете и телото се здобиле С.Ј. и неговата снаа Џ.Ј.(35), кои се обидувале да го спасат тракторот. На истите им била укажана лекарска помош во Општата болница во Прилеп, по што биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле екипи од Полициските станици Прилеп и Крушево и се работи на целосно расчистување на случајот“, додаваат од МВР.

Поврзани новости