426
Денеска околу пладне избувнал пожар во непосредна близина на Свети Николе, кај местото Кривчева река, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Постои опасност пожарот да зафати неколку викенд-куќи, како и блиските куќи, поради што се активирани два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи, вели Ангелов.
Според ЦУК, во пожарот гори сува трева и ниска вегетација.
Претходно денеска од Центарот за управување со кризи соопштија дека е изгаснат пожарот во близина на Штип, а огнената стихија која беснешее во Липковско ноќеска околу полноќ била ставена под контрола и пожарот е локализиран.