Пожар се разгоре и кај Демир Хисар

by fokus

Пожар избувна во Демир Хисарско, во близина на селото Сопотница.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, гори сува трева, но постои опасност пожарот да се прошири кон блиската зимзелена шума.

Огнот брзо по избувнувањето бил изгаснат, но повторно се разгорел за повторно да се пристапи кон негово гаснење.

Екипа на територијалната противпожарна единица на Демир Хисар превентивно останува на лице место.

Поврзани новости