475
Повеќе од 300 словенечки пожарникари се борат со новиот пожар кој денеска од Италија се прошири во областа Крас, а во тек е евакуација на населението од неколку села.
Словенечкиот министер за одбрана Маран Шарец пристигнал на местото на настанот, како и шефот на цивилната заштита Сречко Шестан, јавуваат словенечките медиуми.
Пожарот од италијанска страна се проширил кон Словенија и покрај обидите за гаснење од воздух, во кои учествувале три словенечки и два италијански хеликоптери.
Најтешка е ситуацијата во општина Добердоб, која се наоѓа веднаш до словенечко-италијанската граница.