465
Пожар на влезот во индустриската зона на магистралниот пат Струмица- Радовиш, на клучката кај селото Василево избувна денеска. Според непотврдени информации, гори салон за мебел.
Во близина на салонот се наоѓа и бензиска пума која засега не е зафатена од огнот. Огнените јазици и црниот чад можат да се забележат од огромна далечина.
Неколку возила на противпожанатра единица од Струмица го гаснат пожарот, а засега патот кај клучката за Василево е прооден.
Фото: МИА