Тетовските пожарникари синоќа гаснеа пожар што избил под трибините на градскиот стадион. Се запалил еден дел од подтрибинскиот простор, со деловна намена како дуќани или работилници. Нема повредени во пожарот кој избил во 20.35 часот, а е изгаснат во 21.45 часот.
-На почетокот бевме доведени во опасност поради таканаречена појава на „фрлање на струјата”, односно ненадеен проток, кратки споеви и мали експлозии.
Затоа што водата е спроводник на електрична енергија не можевме веднаш да интервениравме па тоа беше направено откако беше исклучена струјата. Употребивме вода со пена за да се спречи понатамошното ширење на огнот. Изгоре и дел од столчињата на стадионот, изјави Ука Алити,командант на тетовската пожарна.
Тетовската противпожарна единица интервенирала со четири возила и девет пожариникари.