402
Од Националниот парк „Галичица“ информираат дека во раните утрински часови, пријавен бил пожар на територија на Националниот парк кај место викано Царина од преспанска страна.
Пожарот е локализиран од страна на вработените во Националниот парк, Противпожарна единица-Ресен, МВР-Ресен, граничната полиција и локални доброволци..
Локализираниот пожар ќе се набљудува и понатаму од страна на чуварите на паркот, информираат од Националниот парк.