Пожар на Детската клиника, веднаш бил изгаснат

by fokus

Вечерва околу 19:30 часот избил пожар на хематолошкиот оддел на Детската клиника во Скопје. За среќа, тој веднаш бил изгаснат благодарение на брзата интервенција на противпожарните служби.

Според директорот на клиниката Катерина Ставриќ, потреба за евакуација немало поради брзата интервенција, но и тоа што одделот бил празен поради реновирањето. Децата се безбедни, а надлежните служби ќе ја испитаат причината за пожарот, истакна Ставриќ во својата изјава за Канал 5.

 

Поврзани новости