511
Попладнево, нешто по 16 часот, пожар избувна на тераса од станбена зграда во населбата Ново Лисиче во скопската општина Аеродром, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“ кај автобуската постојка позната како „последна 5-ка“, објави „360 Степени“.
Како што можеше да се забележи гореше дел од терасата, а густ црн чад се издигаше од балконот на станот на последниот кат од зградата.
Огнот предизвика вознемиреност кај жителите на оваа, но и на околните згради, кои почнаа да ги тргаат автомобилите кои беа паркирани под балконот зафатен од пожарот, бидејќи изгорени парчиња паѓаат од терасата.