Пожар изби во автосалон додека траеше невремето

by fokus

Бригадата за противпожарна заштита интервенирала на два пожари кои избиле како последица од невремето што попладнево го погоди Скопје, проследено со грмотевици.

Како што информираат од Град Скопје, помеѓу 12.00 и 13.40 часот противпожарни екипи интервенирале во автосалонот „Толту“ на улицата Скупи 1 каде била запалена електрична инсталација.

Настанатата материјална штета се проценува на 9.000 денари.

На оваа локација е интервенирано со 2 возила и 5 пожарникари.

Освен тоа со 1 возило и 3 пожарникари е интервенирано на запален трансформатор на улицата „Фјодор Достоевски“ број 72. Опожарени се две метри квадратни, додека материјалната штета е неутврдена.

Поврзани новости