Пожар и експлозии во руски воен центар на Крим, евакуирани над 2.000 луѓе

by Fokus

Повеќе од 2.000 луѓе се евакуирани од четири села на анектираниот полуостров Крим поради пожар и серија експлозии во складиште за муниција. Руските власти притоа затворија дел од автопатот кој поминува низ јужниот дел на Крим.

Тие не кажаа што е причината за пожарот во воениот тренинг центар кај градот Стари Крим, но според непотврдени извештаи, тој бил погоден со три украински проектили.

Ноќните експлозии на Крим се совпаднаа со силниот руски воздушен напад на Украина, чија цел главно беше пристанишниот град Одеса, од каде што досега се извезуваше украинското жито. Украинската војска соопшти дека соборила 37 дронови и проектили, но повеќе од 20 успеале да ја пробијат одбраната.

Рускиот гувернер на Крим, Сергеј Аксјонов, изјави дека се испитува причината за пожарот во воениот центар, додавајќи дека нема повредени. Според некои канали на Телеграм, експлозиите траеле со часови, а пожарот и натаму не изгаснат.

Поврзани новости