Пожар беснее на Армискиот полигон Криволак!

by Fokus

Се уште беснее пожарот на Армискиот полигон Криволак во близина на Неготино. Според последните информации, го гасат припадници на Армијата, а чадот кој пред неколку часа го прекри Неготино и ги вознемири граѓаните, доаѓал токму од таму.

-Густиот чад кој е над Неготино доаѓа од пожарот кој беснее на Армискиот полигон Криволак. Имајќи предвид дека станува збор за специфичен терен на кој пожарникари и цивилни лица немаат пристап да интервенираат, пожарот го гаснат припадници на Армијата на Република Македонија, информира градоначалникот д-р Горан Стојанов.

Моментално горело на полигонот, пред капија и внатре после капијата, но повеќе детали не се познати во моментот.

Неофицијално, повикот за пожарот бил околу 16 часот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости