Повторно во функција снабдувањето со струја на нуклеарната централа во Запорожје

by fokus

Надворешното напојување со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје, која е окупирана од Русија, денеска е повторно во функција, соопштија украинската државна нуклеарна компанија „Енергоатом“ и телото на ОН за нуклеарен надзор.

Електраната го загуби последниот преостанат далновод поради гранатирање и мораше да користи резервни дизел генератори за свои потреби, како што е ладење на блоковите на реакторот.

„По речиси два дена работа на пумпите за итно ладење на активните зони на реакторот со напојување од дизел генератор, оперативниот персонал го враќа нормалниот режим на напојување на електраната за сопствени потреби од енергетскиот систем на Украина“, објави Енергоатом на Телеграм.

Рафаел Гроси, шеф на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која има два набљудувачи во електраната, потврди дека напојувањето е повтроно во функција.

Поврзани новости