Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, денеска ја искритикува пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека нема домашно воспитување.
Додека тој зборуваше од говорницата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дофрлуваа.
-Може да довикувате, да свирите со вувузели, да вришите, да палите. Јас сум овде по покана на претседателот на Собранието. Човек може да добие формално образование, но ако има дупка во домашно воспитание, тука не може да помогне ниту една образовна институција. Најлошо е кога такви луѓе примаат плата да воспитуваат нови генерации.
Треба да се срамите од вашето однесување во Собранието. За барањето за референдум, тоа е само за ваша внатрешна употреба. Политиката која ја водите на штитење на интереси на трети држави е најпогубно нешто, рече премиерот.