Повторно технички проблеми со “фингерпринтовите”

by fokus

Гласањето за 44 градоначалници започна утринава во 7 часот, а според првичните информации од ДИК, гласањето се одвива нормално, со мали технички проблеми.

На дел од избирачките места се појавиле проблеми поврзани со апаратите за отпечаток од прст. Поточно, некои од претседателите на избирачките одбори не можеле да се логираат во уредот.

И во првиот круг имаше проблем со фингерпринтовите кои не ги препознаваа отпечатоците на дел од гласачите, поради што гласаа на стариот начин.

Првата прес конференција ДИК ќе ја има во 9.30 часот.

Поврзани новости