Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека состојбата со пожарите е променлива. Иако претходно беше ставен под контрола, сепак се влоши состојбата со пожарот над Битола.
„Една точка од пожарот излезе од контрола и се разви нов крак. Нема загроување за Битола, ниту за околните куќи. Се обидуваме повторно да го ставиме под контрола“ појасни Ангелов.
Најголема опасност во моментов е пожарот на планината Серта, кој што пожарникарите со денови се мачат да го стават под контрола.
„Се работи за долга линија, можеби 30 километри. Која што не гори целата, но на тие 30-на километри имаме околу 20-на жешки точки на кои што имаме веќе одделени пожари“ вели Ангелов.
Тој додаде дека петте ер-тректори ќе започнат со гасење на огнот на планината Серта, а турскиот и српскиот хеликоптер ги упатуваат на пожарот кај Ново село.
Екипите на ТППЕ Битола постојано се на терен и работат на ставање на ситуацијата под контрола и локализирање на пожарот.
Паралелно се врши и координација со општинскиот кризен штаб за вклучување на сите расположливи сили и ресурси во согласност со потребите. Во комуникација на градоначалникот Тони Коњановски со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување повторно е најавена воздушна поддршка во гаснењето на пожарот.