Повторно поништен тендерот за набавка на респиратори, компаниите не можеле да ги испорачаат

by Fokus

Двете компаниите кои го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa, не известија дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот, информираа од министерството за здравство.

Од таму додавааат дека оваа јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана.

„Во меѓувреме, Република Северна Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети. Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини – се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10%.

Поврзани новости