97
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица, кој денеска беше привремено затворен поради пожар кој избувна на грчка страна.
Во моментов граничниот премин функционира нормално.
Сообраќајот на граничниот премин беше во прекин и се направи долга колона од возила, па се пренасочуваа на граничниот премин Дојран.
Пожар избувна на грчката страна поради што дојде и до немање струја на грааничните премини Богородица и Евзони.