Повторно не е избран претседател на Албанија

by Фокус

Парламентот на Албанија денеска не успеа да избере нов претседател, бидејќи ниту еден кандидат не беше предложен за третиот круг на гласање.

Владејачката левичарска Социјалистичка партија и опозицијата не успеаја да постигнат компромис за кандидатот кој ќе го замени претседателот Илир Мета, а не беше номинирани ниту еден независен кандидат.

Во првите три круга победникот мора да обезбеди најмалку три петтини од гласовите или поддршка од 84 пратеници.

Владејачките социјалисти, кои контролираат 74 од 140 места во Парламентот, немаат гласови за да го изберат посакуваниот кандидат, но потребно е просто мнозинство во последните два круга на гласање т.е. 71 пратеник.

Иако не се гласаше во првите три круга во изминатите три понеделници, парламентарната правна комисија соопшти дека формално „оценува дека гласањето е одржано“.

Мандатот на актуелниот претседател Илир Мета истекува на 24 јули.

Поврзани новости