Кандидатот на партијата Алтернатива за Германија (АфД) за локалниот совет бил нападнат со нож во градот Баден-Виртемберг во Германија, јавуваат германските медиуми.
Според Билд, политичарот бил повреден со скалпел во вторникот вечерта, а напаѓачот бил уапсен.
Инцидентот се случил во 22:45 часот во близина на пазарот откако десничарскиот кандидат на АфД фатил вкупно три лица како кинеле плакати, од кои едното го нападнало и го повредило со остар предмет.
Двајца се уште се во бегство, а оружјето користено во нападот е скалпел, изјави партискиот портпарол.
Политичарот на АфД сè уште е во болница, но наводно претрпел само исеченици.
Полицијата во Манхајм засега само потврди дека имало полициска интервенција, а подетални информации се очекуваат во текот на денешниот ден.
Конзервативниот политичар и антиисламски активист Михаел Стурценбергер беше избоден со нож на 31 мај за време на јавен митинг во Манхајм, по што полицијата пукаше и го рани напаѓачот.
Во тој напад загина еден полицаец и повредени беа уште неколку лица, а постои сомневање дека се работи за напад од верска основа.