Срѓан Јанковиќ, вработен во ПУК „Водовод“ од Бор, кој е осомничен за убиството на Данка Илиќ (2), следната недела повторно ќе биде сослушан во Вишото јавно обвинителство во Заечар.
Јанковиќ, кој на првото рочиште во обвинителството по апсењето на 4 април се бранеше со молчење, на почетокот на јуни повторно беше сослушан на негово барање, а потоа изнесе одбрана, тврдејќи дека тој ја нема ни видено малата Данка, а не пак да ја удри со службената„фиат панда“.
– Осомничениот Јанковиќ потврди дека критичниот ден бил во Бањско поле, објасни дека бил на работна задача со колегата Дејан Драгијевиќ и посочи по кој пат оделе. Но, тој негираше дека ја видел малата Данка Илиќ, како и дека ја удрил со службениот автомобил на ЈКП „Водовод“ што го управувал, како што самиот кажа. После тоа тој го негираше делото за кое се товари – изјави по рочиштето извор од истрагата.
Според неофицијални информации, обвинителот кој ја води истрагата за злосторството во Бањско поле, по неговото прво рочиште решил да го сослуша Јанковиќ на уште неколку прашања.
Данка Илиќ (2) исчезна на 26 март во селото Бањско поле кај Бор. По неколкудневна потрага, полицијата на 4 април ги уапси Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, работници на комуналното претпријатие „Водовод“вкои дежурале кобниот ден во селото каде исчезна девојчето.