482
Продолжува хаосот на собраниската седница за разрешување на Марко Зврлевски. По последната десетминутна пауза, спикерот Талат Џафери рече дека некој од пратениците се дрзнал да му ја земе картичката и затоа тој го повикал собраниското обезбедување, кое стоеше од двете страни на говорницата. Во Собранието се зборува дека Илија Димовски е тој што му ја украл картичката на Џафери.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повторна ја окупираа говорницата, а кога тие се повлекоа, Џафери го повлече и обезбедувањето.
Илија Димовски од собраниската говорница рече дека не сака да се предизвикуваат немили настани во собраниската сала, но дека и за љубов и за кавга се потребни двајца.