438
Повторно изби пожар во трговскиот центар во рускиот град Кемерово каде утринава беа локализирани огнените јазици кои се раширија вчера од кино салите на четвртиот кат.
Во пожарот синоќа животот го загубија над 60 луѓе, но се уште се пребројуваат жртвите, а голем број и понатаму се водат за исчезнати.
Како што наведуваат очевидци од зградата повторно се издига дим, пренесе „Раша тудеј“.