Сите белградски училишта утрово повторно добиле дојава за поставена бомба.
Од утрово родителите добиваат пораки од наставниците и одделенските раководители дека добиле известување од МУП дека сите училишта во Белград добиле дојава за бомба, пренесуваат српските медиуми.
Таков е случајот утрово и во основното училиште „20. Октобар“ во Нов Белград, училиште во кое со месеци секој ден, понекогаш дури и четирипати дневно добиваат дојави за поставена бомба.
Учениците повторно се изнесени во дворот, каде што ќе чекаат екипа на КД да изврши увид во просториите.
Речиси секој ден со месеци на адресите на белградските училишта пристигнуваат дојави за бомби, учениците секојпат се евакуираат и веќе изгубиле многу часови, известуваат надлежните.
МУП и Министерството за образование вчера соопштија дека се подготвува нов безбедносен протокол за училиштата и градинките. Со него се предвидува училиштата и градинките да се проверуваат секоја вечер, а потоа да се заклучуваат.
Според тој протокол, родителите чии деца одат во градинка би ги носеле децата само на влезната врата.