Повторно дојави за бомби во скопски училишта

by Fokus

Денеска во неколку скопски училишта има дојава за бомби, откако и во текот на вчерашниот ден имаше таква ситуација.

Во овие моменти се евакуираат учениците во средните и основните училишта во град Скопје, а меѓу нив се  основното училиште „Владо Тасевски“, гимназиите „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“ како и „Раде Јовчевски Корчагин“.

Министерството за внатрешни работи најави повеќе детали во текот на денот.

Поврзани новости