Повторно дојави за бомби во скопски училишта

by Фокус

Две скопски училишта и утринава преку своите мејл-адреси добиле дојави за поставени бомби во своите објекти.

Како што објави МИА, едно од нив е скопската гимназија „Јосип Броз Тито“.

Во моментов, како што информираат од Министерството за внатрешни работи, се преземаат мерки за безбедна евакуација во училиштата, а во тек се и антитерористички проверки.

Пријавите за дојави за бомби во средните училишта во Скопје почнаа пред две недели, а оттогаш училиштата во главниот град беа евакуирани во пет наврати.

Поврзани новости