Повредени се двајца мотоциклисти во сообраќајки во Скопје и Гевгелија – се судриле со автомобили

by Fokus

МВР информира дека вчера попладне во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул. „Ристо Шуклев“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски таблици, управуван од малолетник од Гевгелија и патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки. управувано од З.К.(42) од с. Богородица, Гевгелиско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гевгелија.

Само три часа подоцна, во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Методија Андонов Ченто“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(75) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.К.(50) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Полицијата изврши увид.

Поврзани новости