Повредени се двајца мотоциклисти во две тешки одвоени сообраќајки во Скопје

by Fokus

МВР информира дека вчера во 12.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Александар Македонски“, ул.„16. Македонска бригада“ и ул.„Интернационални бригади“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено“, управувано од Н.О.(30) од с. Побожје, скопско и мотоцикл управуван од С.Ф.(39) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Само три часа подоцна, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Босна и Херцеговина“, ул.„Александар Урдаревски“ и ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“, управувано од Б.М.(49) од Виница и мотоцикл „сузуки“, управуван од Д.Ќ.(48) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистиот констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Поврзани новости