Повредени новинари на протестот во Белград, уапсен е син на екс соработник на Дачиќ

by Фокус

Двајца новинари на српската новинска агенција Бета се повредени за време на синоќешниот протест во Белград. Тие се донесени во Ургентниот центар со брза помош околу 22 часот, поради повреди здобиени за време на протестот што се одржа на платото пред српскиот Парламент.

Владимир Шкундриќ, син на Петар Шкундриќ, поранешен министер за рударство и енергетика и близок соработник на Ивица Дачиќ, беше уапсен синоќа, откако заедно со толпата демонстранти се обидоа да влезат во српскиот Парламент, пренесува „Блиц”.

Шкундриќ беше уапсен заедно со група хулигани кои искршија прозорци на зградата на Собранието. Тој на себе имаше маска и безбол палка, пренесува „Блиц”.

 

Поврзани новости