Повредени и приведени на протестот во Атина против полициско насилство

by Фокус

Во овие моменти мора да надвладее воздржаноста и смиреноста, вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во врска со инцидентите во атинската населба Неа Смирни. Тој порача дека жалните слики на насилство во Атина мора да бидат последни.

-За жал, некои луѓе ги игнорираа нашите предупредувања. И, на оние кои се обидуваат да шират омраза и поделба во општеството за да го покријат сопствениот ќорсокак, како што тоа го правеа во минатото, им одговарам со следново: Вечерта на изборите на 7 јули 2019 година, истакнав дека сум тука за да гарантирам единство, безбедност и просперитет на сите Грци. Ова го повторувам и сега. Нема да дозволам никој да нè дели. Нема да дозволиме никој да не врати назад – рече Мицотакис.

Инаку, вечерва имаше сериозни инциденти за време на протестот против полициското насилство во атинската населба Неа Смирни, а со повреди на главата во болница е пренесен полицаец, кој според првичните информации, бил нападнат од поголема група непознати лица. Вкупно, повредени се тројца полицајци, а уапсени 11 лица.

Поврзани новости