684
Четири повредени работници од фабриката „Макстил“ утринава биле донесени во Клиничкиот центар „Мајка тереза“.
Еден од повредените работници е во потешка здравствена состојба, а останатите здобиле со телесни повреди. Сите имаат повреди настанати од изгореници.
Несреќата се случил околу 06.50 часот, кога ливна јама од 100 тона, полна со стопен метал, се откинала и паднала. Од падот се ослободило стопеното железо кое веднаш предизвикало пожар и ги повредило четворицата работници кои биле во непосредна близина.