Повредена жена во невремето во Хрватска, ја удрил гром

by Fokus

Во Карловачката жупанија од удар на гром е повредена жена, на која и била укажана лекарска помош во Општата болница во Карловац.

Жупанискиот кризен центар во Карловац добил дојава дека една жена е повредена во кампот Слапиќ во Дуга Реса поради удар на гром, пренесоа хрватските медиуми.  Лекарите од болницата изјавиле дека таа не е во животна опасност.

Невремето што го зафати подрачјето на Сисачко-мославинската и Карловачката област, како и градот Загреб предизвика материјална штета.

Во Сисачко-мославинската жупанија ветрот оштети околу 20 покриви на семејни куќи, како и столбови на електричната мрежа.

Поврзани новости