0
МВР информира дека вчера во 17.40 часот во полициска станица од страна на 45-годишната Х.С. било пријавено дека се здобила со повреди откако еден час претходно во населбата Гоце Делчев, во нејзиниот дом пукнала плинска боца која ја повредила.
Боцата била приклучена на греалка, па скопјанката се здобила со изгореници кои биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.