Повреден вработен во ЈП Комуналец Битола при извршување на работни задачи

by irena 15:29
15:29

Вработен во ЈП Комуналец Битола вчера се здобил со повреди при извршување на работни задачи, откако изгубил рамнотежа и паднал од задниот дел на камион.

Според информациите од претпријатието, станува збор за вработениот Ј., кој во моментот на незгодата бил ангажиран на собирање садови за отпад, при што се превезувал на задниот дел од возилото, како што е вообичаена пракса.

По падот, со амбулантно возило бил префрлен во клиничка болница, каде му била укажана медицинска помош. Од ЈП Комуналец Битола информираат дека повредениот е надвор од животна опасност и нема посериозни повреди.

Воедно, од претпријатието нагласуваат дека не станува збор за сообраќајна незгода или излетување на камион, туку за несреќен случај што се случил при извршување на работните обврски.

Слични вести