Поповиќ: Мицкоски да им се извини на културните работници за навредите

by irena 14:40
14:40

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на денешната прес-конференција упати остри критики кон премиерот Христијан Мицкоски, барајќи тој јавно да им се извини на уметниците и културните работници за, како што рече, упатените навреди кон нив.

Според Поповиќ, незадоволството на културните работници поради Колективниот договор и барањата за повисоки плати, премиерот ги карактеризирал како „вулгарни и агресивни“.

„Мицкоски се обиде да ги замолчи уметниците само затоа што бараат почитување на легитимниот и институционално потврден Колективен договор. За него сè е бизнис, а борбата за достоинствена плата ја нарекува вулгарна и агресивна“, истакна Поповиќ.

Таа упати критики и до актуелниот министер за култура, Зоран Љутков, обвинувајќи го за лицемерие. Петровиќ потсети дека Љутков во 2019 година го бранел истиот тој договор како „визија за развој“, а денес, според неа, работи против него.

„Колективниот договор беше донесен со одлука на Владата и со поддршка од сите релевантни институции, вклучително и Министерството за финансии. Наодите од Уставниот суд потврдија дека за овој договор се прибавени сите потребни документи“, додаде таа.

Од СДСМ порачаа дека културата е темел на идентитетот и дека партијата цврсто стои на страната на културните работници во нивната борба за достоинство.

Слични вести