Повреден е скопјанец, во него удрил „голф“ додека возел тротинет

by Fokus

МВР информира дека вчера во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(47) од Скопје, удрило во електричен тротинет управуван од Ш.Д.(63) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости