Повреден е мотоциклист во Скопје при сообраќајка со автомобил

by Fokus

МВР информира дека синоќа во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул. „АСНОМ“, бул. „Киро Глигоров“ и бул. „Србија“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Д.(30) од Скопје и патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(25) од Германија, со престој во Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости