489
Повозрасните граѓани на Србија односно постарите од 65 години утрово можеа да пазарат во маркетите и продавниците од 4 до 7 часот, јавуваат српските медиуми.
За таа цел, во тој период работеле околу 4 400 малопродажни објекти низ Србија.
По 7 часот сите маркети се дезинфицирани и повторно отворени за останатите купувачи.
Денеска и во Србија ќе почне најдолгиот полициски час. Ќе започне во 17 часот попладне, а ќе заврши во вторник во 5 часот.